Top Sport

Де Лаурентис: Го сфаќам Инсиње, можеби ќе живее до 110, му требаат пари

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис вели дека Лоренцо Инсиње бил во право што се приклучил на Торонто во МЛС лигата со богат договор бидејќи „можеби“ пред себе има 80 години живот и мора да обезбеди средства.

Де Лаурентис му понуди на Инсиње нов договор на „Диего Армандо Марадона“, но со драстично намалена плата (со одредени бонуси), но тој реши од 30 јуни да се приклучи на Торонто, наводно за четири пати повеќе од тоа што го заработуваше во Италија.

„Тој е слободен човек и може да си носи одлуки кои смета дека се коректни за неговата иднина. Животниот век станува подолг, со малку среќа и здраво јадење, ако има добри гени, може да стигне до 110 години. Тоа значи дека би можел да има уште 80 години пред себе и мора да мисли на тоа и да се грижи за иднината. Нема зошто да се чувствува виновен“, изјави Де Лаурентис.

Scroll to Top