Top Sport

Чави ја продолжи „војната“ со Симеоне: Го сфаќаме фудбалот на различен начин

Тренерот на Барселона, Чави не се воздржа и ја продолжи војната на зборови со тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне по 4:2 победата во неделното дерби, оценувајќи дека двајцата „не се согласуваат бидејќи гледаат на фудбалот на различен начин“.

Симеоне пред дербито сакаше да му влезе под кожа на Чави велејќи: „Чави еднаш кажа дека стилот на Атлетико не е за големите тимови. Сега има шанса да го покаже тој фудбал кој го сака“. Оваа тактика на Аргентинецот не се покажа како успешна откако Барса постигна три гола од три шанси во првото полувреме и ги освои трите поени. Но, Симеоне по мечот на прашање дали Барса доминирала, кратко одговори: „Не“.

Чави имаше повеќе работи за кажување.

„Кога ќе зборам за него, тоа не е да го потценам, туку едноставно гледаме на фудбалот на различни начини. Тоа не е критика. Тој е голем тренер со начинот на кој сака да игра. И тие се шампиони, така што оваа победа значи многу за нас. Симеоне едноставно го разбира фудбалот поинаку. Има илјадници начини да се игра фудбал, а тие се чувствуваат удобно и без топка, за разлика од нас“, вели Чави.

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Scroll to Top