Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис потврди дека планира да го продаде клубот Бари поради новите правила на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), кои забрануваат поседување на два клуба.
Правилото за поседување на два клуба во иста лига беше воведено лани, кога Салернитана влезе во Серија А, а клубот беше во сопственост на претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, кој мораше да ја стави Салернитана на продажба. Од 2024 година, сопствениците нема да можат да имаат два клуба без разлика во која лига играат.
„Бари има фантастични фанови и мојот син Луиџи е заинтересиран за нив. Но, има правило на ФИГЦ кое нема смисла, бидејќи УЕФА дозволува татко и син да имаат различни клубови во европските купови. Ова е диктатура на Луиџи Гравина, и ако не успееме да се жалиме, ќе мораме да го продадеме Бари. Прво ќе се обидеме да ги донесеме во Серија А бидејќи нивните 1.2 милиони фанови го заслужуваат тоа. Ако се гледа по посетата на стадионите, Бари е осмиот најголем клуб во Италија“, вели Де Лаурентис.
Де Лаурентис го купи Бари пред сезоната 2018/19, помагајќи клубот да се рестартира по банкротот, и ги внесе во Серија Ц во првата сезона, за сега да се во ситуација да се борат за пласман во Серија Б. Италијанскиот филмски продуцент го направи истото со Наполи по нивниот банкрот во 2004, помагајќи им да станат фактор во италијанскиот фудбал.
De Laurentiis annuncia: "Se la regola non dovesse cambiare, venderemo il Bari" https://t.co/sNZQbaNlwQ
— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) April 29, 2022