Top Sport

Де Лаурентис: На Јувентус секогаш им помагаат, тие се „владетели“ на Италија

Аурелио де Лаурентис побара разбирање за второто место на тимот на Наполи, посочувајќи дека „на Јувентус секогаш им помагаат, тие се владетелите на Италија“.

Наполи втора година во низа завршува на второто место во Серија А, но Де Лаурентис вели дека тоа е поголемо остварување од титулата на Јувентус ако се споредат ресурсите кои ги имаат двата клуба.

„Навивачите на Наполи сакаат да го победиме Јувентус, но тие секогаш добиваат помош бидејќи се владетели на Италија. Ги сфаќам навивачите, но не го делам нивното мислење – зарем треба да влеземе во долгови за да ги донесеме Икарди и Меси? Ги немаме тие ресурси на Јувентус исто како што градот Неапол ги нема тие ресурси на градот Торино. Тие имаат 5 милиони евра приход од билети против Ајакс со 35.000 седишта, ние имаме 2 милиони евра со 40.000 седишта. Нема потреба да имаме камион шпагети да направиме 400 грама паста, правиме многу повеќе со многу помалку“, вели Де Лаурентис.

Scroll to Top