Top Sport

Крос останува во Реал најмалку до 2023 година

Тони Крос го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2023 година, ставајќи крај на шпекулациите дека сака да замине од „Сантијаго Бернабеу“.

Германецот имаше договор со мадридскиот клуб до 2022, но сега со обновениот договор ќе остане барем уште 12 месеци, откако Зинедин Зидан ја има довербата во фудбалерот од средниот ред.

„Реал Мадрид и Тони Крос се согласија да го продолжат договорот на фудбалерот до 30 јуни 2023 година“, објавија на веб-сајтот на Реал Мадрид.

Неодамна Зидан му изрази доверба на Германецот.

„Тони е клучен фудбалер. Тој е во Мадрид веќе пет години и заврши одлична работа. Се работи за голем фудбалер кој носи мир на теренот. Секогаш ми се допаѓал“, изјави Зидан.

Крос дојде од Баерн Минхен во 2014 година и со Реал освои три титули од Лигата на шампионите и една од Ла лига со над 230 настапи.

Scroll to Top