Top Sport

Де Лаурентис: Наполи сега ќе оди по ЛШ, оваа година УЕФА не „зезна“

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис е сигурен дека неговиот клуб по освојувањето на првото скудето по 33 години ќе се фокусира на Лигата на шампионите, велејќи дека во овогодишниот пораз во четврт-финалето од италијанскиот ривал Милан, УЕФА го „направила своето“.

„Кога пристигнав во Нееапол, кажав дека во првит 10 години ќе ве однесам во Европа и тоа го остварив порано. Исто така кажав дека вторите 10 години ќе го освоиме скудетото и тука го завршив тоа две години предвреме. Сега почнуваме нова ера и ќе одиме на нова, и нова победа. Сега ќе мораме да ја освоиме Лигата на шампиони, бидејќи мислам дека бевме е најсилни таму, но судиите двапати не беа најдобри. Тоа е фудбалот, тоа е УЕФА, та е светот. Ќе се обидеме повторно“, изјави Де Лаурентис.

Scroll to Top