Top Sport

(Видео) Тен Хаг: Антони мора да научи да се контролира

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг вели дека е задоволен од подобрувањето на неговата бразилска ѕвезда, Антони, но го предупреди да не дозволува страста да го контролира, како при драматичниот 1:0 пораз против Брајтон.

Јунајтед во недела гостуваат кај Вест хем, во обид да се вратат на вистински пат откако загубија со пенал во 99. минута по лошото второ полувреме, во кое Антони доби жолт картон за стартот над Алексис Мекалистер по што влезе во конфликт со капитенот на Брајтон, Луис Данк.

„Мислам дека Антони е специјален фудбалер. Страста е негова сила, но има одредено ниво кое мора да го контролирате. Потребна е страста, желбата за победа и трофеи, а тој е многу амбициозен. Но, не смее да ја губи контролата. Остани фокусиран на својата игра и на тоа што е потребно на клубот. Неговото подобрување е очигледно“, вели Антони.

Scroll to Top