Хаосот во Наполи полека го добива својот епилог. Претседателот Аурелио Де Лаурентис најави дека парично ќе ги казни играчите поради одбивањето пре мечот со Салцбург во Лигата на шампионите да бидат во каранти.
Прв што по џебот ќе го почувствува гневот на Де Лаурентис е Бразилецот Алан, кого медиумите го означија како водачот на бунтот.
Алан ќе остане без 50 отсто од месечната плата, то значи дека Бразилецот ќе биде пократок за 200.000 евра.
Италијаните потенцираат дека со оваа казна Де Лаурентис го крши правилникот, каде јасно е прошишано дека паричната казна за фудбалерите не смее да биде поголема од 25 отсто од платата.
За очекување е дека и останатите играчи ќе минат слично како и Алан, а најмногу по џебот ќе бидат удрени оние што имаат најдолг стаж во клубот: Лоренц Инсиње, Калиду Кулибали, Дрис Мертенс и Хосе Кајлехон.