Top Sport

Де Лаурентис тврди: Осимен останува, ќе потпише нов договор

Сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис инсистира дека напаѓачот Виктор Осимен нема да замине ова лето, најавувајќи нов двегодишен договор за Нигериецот и покраа интересот на Челси, Манчестер јунајтед и Баерн Минхен.

23-годишниот Осимен ја освои „златната копачка“ во Италија со 26 гола во Серија А во блескава сезона за Наполи, привлекувајќи го вниманието на повеќе богати европски клубови. Тој има договор со Наполи до 2025 година, што значи дека со новиот договор ќе остане на „Диего Армандо Марадона“ барем до 2027 година.

Scroll to Top