Top Sport

Де Лихт е сигурен: Тоа не беше пенал! (видео)

Матијс де Лихт инсистира дека неговото играње со рака во дербито на Торино не било пенал и дека знаел дека нема да биде досуден бидејќи рацете му биле долу, пред да го прослави триумфот на тимот со неговиот гол.

Поранешниот централен бек на Ајакс беше човек на одлука на Дерби дела Моле, со убав гол носејќи три поени за Јувентус.  Сепак, најмногу дискусија предизвика неговото играње со рака по ударот на Андреа Белоти.

„Секако сум многу среќен. Ова беше многу важен меч бидејќи Интер исто така победи. Јас само стоев и топката ме погоди. Веднаш знаев дека не беше пенал, бидејќи правилата велат дека ако рацете ми се долу не е пенал“, вели Де Лихт.

Белоти, пак, не беше воодушевен од одлуката на судијата.

„Повторно ја гледав снимката и да бидам искрен, мислев дека судијата сигурно ќе досуди пенал. Во други мечеви сум видел вакво играње со рака и секогаш било пенал. Разочарувачки“, вели Белоти.

Де Лихт го реши дербито на Торино (Видео)

Scroll to Top