Top Sport

Де Лихт го демантира Клајверт: Не зажалив што потпишав со Јувентус

Матијс де Лихт ги отфрли тврдењата на својот холандски сонародник Патрик Клајверт дека зажалил што го напуштил Ајакс за италијанскиот Јувентус и дека требал да ја избере Барселона.

Де Лихт играше во речиси сите мечеви од Серија А оваа сезона, но беше на удар на критиките на печатот во Италија, посебно за мечот со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите. Но, 20-годишниот дефанзивец вели дека Клајверт само го кажа своето мислење во интервјуто за „Мундо депортиво“.

„Воопшто не жалам што дојдов во Јувентус. Знам дека се зборува и се пишува многу за мене, но тоа нема врска со вистината. Ако човек како Клајверт каже нешто такво, тоа можеби звучи вистинито, но на крајот се работи само за негово претпоставување“, вели Де Лихт.

Scroll to Top