Top Sport

Фудбалер на Шахтјор ем бил расистички навредуван, ем заработи казна! (видео)

Бразилскиот плејмејкер на Шахтјор Доњецк, Тајсон доби суспензија од еден меч откако доби црвен картон за реакцијата на расистичките извици на навивачите на Динамо Киев при 1:0 победата на Шахтјор овој месец.

31-годишниот Тајсон, кој е во украинскиот фудбал веќе девет години гестикулираше кон навивачите на Динамо и шутна топка во нивна насока, по што доби црвен картон на 10 минути пред крајот на мечот.

Сега, Украинската фудбалска федерација (УАФ) реши да му даде суспензија од еден меч, додека Динамо се казнети со еден меч без публика и околу 20.000 евра.

ФИФПРО, асоцијацијата на професионални фудбалери луто реагираше на оваа казна.

„Разочарани сме што украинската федерација реши да го казни Тајсон, како жртва на расистички напади, што е несфатливо и само ќе промовира вакво однесување“, се вели во објавата на ФИФПРО.

Scroll to Top