Јувентус ја однесе победата над Торино (1:0) во 201 градско дерби. Единствениот гол на натпреварот го постигна Матијас Де Лихт во 70 минута. Ова беше прв гол за Холанѓанецот на официјален меч за „старата дама“.
Дерби на италијански начин одиграа градските ривали на стадионот на Торино. Дерби со многу прекини, голем број на жолти картони и понекоја шанса. Победата на Јувентус е заслужена бидејќи играчите на Маурицио Сари имаа повеќе шанси за постигнување на гол.
Сепак бура во јавнста сигурно ќе предизвика одлуката на ВАР да му додели пенал на Торино во првиот дел кога Де Лихт играше со рака пред својот гол.
Решавачкиот момент на мечот се случи во 70 минута кога по корнерот на Пјаниќ Игуаин ја врати топката пред голот на Сиригу, а Де Лихт со полу-волеј ја смести зад неговиот грб.