Матијс де Лихт, дефанзивецот на Баерн Минхен вели дека неговиот соиграч, Џамал Мусијала е фудбалер со фантастичен талент, кој може да стане најдобриот на светот во иднина.
19-годишниот фудбалер на Баерн Минхен веќе има над 100 настапи за бундеслигашот и 17 настапи за германската репрезентација, со која ќе игра на Светското првенство во Катар. Тој ја одби можноста да настапува за Англија, решавајќи се за германсото државјанство и многумина му предвидувааат блескава иднина, како неговиот холандски соиграч, Де Лихт.
„Тој има навистина чудно дриблање и понекогаш си мислите дека ја загубил топката, но сфаќате дека работите се под контрола. Тој е неверојатен тлент и во моментов е во топ-форма. Ако продолжи вака, остане сромен каков што е, може да биде еден од најдобрите на светот“, вели Де Лихт.
Германците го отвараат Мундијалот против Јапонија на 23 ноември, за во нивната тешка група Е се и Шпанија и Костарика.