Top Sport

Де Лихт ја одбрал Барселона?

Матијас Де Лихт, 19-годишниот капитен на Ајакс, по завршувањето на сезоната сирно ќе го напушти клубот. Ова го потврди и тренерот на Ајакс, а каталонскиот весник „Спорт“, во денешното издание пишува дека Барселона ги договориле сите детали околу трансферот на Де Лихт.

Според истиот извор, Барселона понудиле исти услови како и за Френки Де Јонг, кој во јануари потпиша договор и од наредната сезона ќе игра на „Ноу Камп“.

Ајакс од трансферот ќе заработат 60 милиони евра, а во договорот ќе бидат вметнати и разни бонуси, кои ќе бидат лесно остварливи, што значи дека Холанѓаните би можеле да добијат и до 75 милиони евра.

Менаџер на Де Лихт е контроверзниот Мино Рајола, кој во преговорите инсистирал платата на неговиот клиент да се зголемува од сезона во сезона.

Scroll to Top