Top Sport

Судијата ги признал грешките во контроверзното финале Реал-Барселона (Видео)

Финалето во кошаркарскиот Куп на Шпанија, одиграно на 17 февруари помеѓу Реал и Барселона предизвика големи полемики во јавноста, поради грешките што ги направија судиите во финишот на натпреварот.

Два месеци по натпреварот еден од тројцата судии, Мигел Анхел Перез Перез, признал дека во финалето носеле погрешни одлуки.

„Тажна е реалноста што во финишот на мечот донесовме погрешни одлуки. Човечки направивме две грешки во финишот. Во тие моменти мислевме дека сме во право. Без оглед на се не чувствувам вина. Чувствувам одговорност, доколку чувствува вина че значи дека сме имале лоши намери“, рекол Перез Перез.

Во финишот, судиите не му досудија очигледна неспортска грешка на Ентони Рендолф, кога тој го удри по главата Крис Синглтон, а потоа во последната секунда о признаа нерегуларниот кош на Анте Томиќ со кој Барселона го одбрани трофејот во Купот.

Scroll to Top