Top Sport

Де Лихт ќе го „избрка“ Бонучи во ПСЖ

Пари Сен Жермен стапиле во контакт со играчот на Јувентус Леонардо Бонучи, објавија италијанските медиуми. Наводно од ПСЖ само сакале да испитаат дали е Бонучи подготвен да го напушти Јувентус.

Леонардо Бонучи, минатата сезона се врати во Јувентус, откако претходна ја мина во редовите на Милан. Неговото враќање во Торино не им „легна“ најдобро на фановите на „старата дама“.

Исто така се шпекулира дека неизвесна е иднината на Бонучи кај новиот тренер Јувентус Маурицио Сари ако се знае дека клубот е блиску до ангажман на Матијас Де Лихт од Ајакс.

Scroll to Top