Спортскиот директор на Ајакс Едвин ван дер Сар, рекол дека капитенот на екипата, Матијас де Лихт, својата кариера ќе ја продолжи во Англија или Шпанија.
Најталентираниот централен дефанзивец во светот е трансфер цел на Манчестер Јуанјтед, Манчестер сити, Тотенхем, Барселона и Атлетико Мадрид. Каде и да заврши неговиот трансфер нема да биде помал од 75 милиони евра.
„Ова се последните натпревари на Де Лихт за Ајакс. Ќе заврши во некој голем клуб, мислам во Англија или Шпанија“, рекол ван дер Сар за „Скај Спорт“.
Оваа изјава на ван дер Сар посочува дека 19 годишниот фудбалер ги одбил понудите на Јувентус, Баерн Минхен и ПСЖ.