Top Sport

Де Лихт мора на операција?

Матијас Де Лихт ќе мора да замине на операција, прашање е само кога во клубот ќе решат дека е вистинското време. До крајот на сезоната во Серија А остануваат уште пет кола, а Јувентус потоа го очекува и настапот во Лигата на шампионите. Де Лихт откако се повредија Кјелини и Демирал стана стандарден во тимот.

Младиот Холанѓанец кој минатото лето пристигна во Торино имал големи проблеми со десното раме. Повредата е таква што тој ќе мора да замине на операција. Рамото Де Лихт го повредил во ноември минатата година на натпреварот со Аталанта во Бергамо.

Според „Кориере дело Спорт“ доколку Де Лихт се реши да го оперира рамото во текот на наредните денови тогаш рехабилитацијата би траела до почетокот на наредната сезона.

Јувентус пред себе има пет натпревари во Серија А, а потоа го очекува осмина-финалниот реванш во Лигата на шампионите против Лион, а доколку поминат тогаш ќе настапат на завршниот турнир.

Повредата на засилувањето вредно 85 милиони евра дојде во незгодно време за „старата дама“.

Scroll to Top