Top Sport

„Не точно дека Ибрахимовиќ бесплатно игра за Милан“

Златан Ибрахимовиќ со своето последно интервју за „Газета дело Спорт“ ги разлутил сопствениците на фудбалскиот клуб Милан.

„Велеа дека во САД заминав за да се пензионирам во лига каде не се игра сериозен фудбал, а потоа јас се вратив во Милан. Овде играм од љубов и чиста страст, па јас за Милан играм речиси бесплатно“, рекол Ибрахимовиќ.

„Длабоко сме вознемирени од овие зборови на Ибрахимоќ“, порачале од семејството Сингер чии инвестициски фонд „Елиот Менаџмент“ е сопственик на клубот.

А зошто се налутиле сопствениците?

Ибрахимовиќ во јануари потпиша договор со Милан до крајот на сезоната за 3,5 милиони евра и евентуален бонус од уште 500.000 евра.

Покрај тоа во договорот постои клаузула дека договорот автоматски ќе му биде продолжен на уште една година доколку тој одигра пола од натпреварите. До сега тој настапил на 15 од 20 натпревари на Милан. Јасно е дека договорот ќе му биде продолжен, а кога тоа ќе се случи неговата годишна плата ќе изнесува шест милиони евра, а со тој договор на име на бонуси може да добие уште четири милиони евра.

Математиката вели дека доколку бидат исполнети сите услови Ибрахимовиќ од Милан може максимално да заработи 15 милиони евра.

Сепак не игра бесплатно.

Scroll to Top