Холандскиот дефанзивец на Јувентус, Матијс де Лихт денеска ќе оди на операција на рамото и ќе пропушти најмалку три месеци од тренинзите со „бјанконерите“.
Ова е уште еден удар за Де Лихт, кој беше најавуван како големо засилување по трансферот од Ајакс, но тој се мачеше со повреда на рамото уште од дуелот со Аталанта во 2019 година, кога го измести рамото.
21-годишниот Де Лихт реши да не оди на операција до крајот на сезоната, а сега по елиминацијата од Лигата на шампионите на Јувентус, конечно, може да го реши проблемот. Според проценките, тој ќе пропушти три месеци, односно дефинитивно нема да биде достапен на Андреа Пирло на стартот на 2020/21.