Шест гледачи беа повредени откако гром удри во дрво во саботата навечер на голферскиот турнир, Тур шампионат во Атланта, Џорџија.

ПГА турнејата потврди дека ударот повредил шест луѓе кои веднаш биле однесени во болница, но не се работи за посериозни повреди. Били Крамер, сопственик на количка за продавање храна на турнирот, за локалната телевизија изјави дека бил во количка за голф кога громот удрил, по што излетал од возилото и го повредил скочниот зглоб.

„Се случи одеднаш, како да пукна бомба и луѓето врескаа“, изјави Крамер.

Ударот се случил додека немало голфери на теренот – играта била сопрена во 16:17 по локално време, а двата грома удриле во 16:45, додека гледачите чекале да се продолжи турнирот.