Матијс де Лихт е сигурен дека ги надминал почетните проблеми во Јувентус и објаснува дека сака да остане во Торино подолго време.
Де Лихт, кој беше капитен на Ајакс минатата сезона, се пресели во Јуве за 75 милиони евра и на почетокот на сезоната имаше многу проблеми со адаптацијата на италијанскиот фудбал, пред иронично повредата на Џорџо Кјелини да го примора Маурицио Сари да го постави 20-годишниот Холанѓанец во првиот тим, кој почна подобро да се адаптира.
„Среќен сум во Торино и би сакал да останам тука многу години. Бев горд кога пристигнав во Јувентус, бидејќи кога те сака толку голем клуб мораш да се чувствуваш гордо. Секогаш сум го сакал Јувентус и сега сум горд со овој дрес“, вели Де Лихт за „Јувентус ТВ“.
Прашањето за иднината на Де Лихт го „повлече“ неговиот поранешен соиграч, Френки де Јонг, кој посочи дека во иднина двајцата може заедно ќе играат во Барселона. Но, Де Лихт вели дека е презадоволен од позицијата.
„Тренирам со најдобрите фудбалери на светот. Со Лео Бонучи добро се разбираме и се надополнуваме и мислам дека имаме добро партнерство во одбраната. Сакам да учам, да растам и да бидам подобар фудбалер“, додава Холанѓанецот.