Top Sport

Како Манчестер сити „по грешка“ се обиделе да го купат Меси

Поранешниот генерален директор на Манчестер сити, Гери Кук открива дека „граѓаните“ понудиле 70 милиони фунти за потписот на Лионел Меси во 2008 поради „грешка“ во комуникација со газдите.

Кук дојде во Сити во 2008 година, кратко откако Таксин Шинаватра го купи клубот и помина три години на позицијата генерален пласман, и признава дека се обидел да го донесе Лео Меси, во најдобрите денови во Барселона, бидејќи погрешно го слушнал Паироџ Пиемпонсангт, советникот на газдата Шинаватра.

„Бевме во Лондон и имавме конференциски повик. Паироџ беше тука и зборуваше со Пол Олдриџ, кој беше во проблеми по проблематичните трансфери на Карлос Тевез и Хавиер Маскерано. Олдриџ со лондонски акцент му кажа: ’Паироџ, мораш да ми кажеш што да правиме, работите излегуваат од контрола’. Паироџ добиваше масажа и врескаше: ’Мешаница, мешаница. Многу мешаница (messy на англиски). Јас го сфатив дека мораме да го добиеме Меси. Таква беше комедијата на Манчестер сити. И ние го направивме тоа за 70 милиони фунти. Дејв Ричардс од Премиер лигата ме повика следниот ден и ме праша: ’Дали сте луди? Седумдесет милиони?’. Тој добил повик од Барселона кои сакале да знаат дали понудата е вистинска и да била таква ќе можело да дојде до договор“, открива Кук.

Наместо Меси, Манчестер сити поставија нов британски рекорд и го донесоа Робињо од Реал Мадрид.

Scroll to Top