Top Sport

Де Лихт со спектакуларна интервенција од гол-линија, без голови на „Алијанц арената“

Првото полувреме од мега-дуелот помеѓу Баерн Минхен и Пари Сен-Жермен по првите 45 минути заврши без голови, а за тоа најблагодарни домашните навивачи треба да му бидат на холандскиот дефанзивец Матијс де Лихт, кој ја извади топката од гол-линија за да спречи гол на ПСЖ.

Бидејќи во првиот меч во Париз, Баерн победи со 1:0, ПСЖ знаеја дека мора да тргнат офанзивно на гостувањето, но не успеаја да стигнат до голот на Матијас Зомер во еден израмнет меч.

Највозбудливо беше во 37. минута, кога Зомер направи кикс и дозволи топката да му ја земат во сопствениот шестнаесетник, но обидот на Витиња беше изваден од гол-линија од Де Лихт.

Голови нема ниту на вториот меч, помеѓу Тотенхем и Милан во Лондон. Овој дуел започна 10 минути подоцна, а Милан брани предност од 1:0 од првиот меч.

Scroll to Top