Top Sport

Хаверц: Не ми е јасно зошто го критикуваат Потер

Напаѓачот на Челси, Каи Хаверц вели дека не ги сфаќа критиките кои ги трпи неговиот менаџер Греем Потер и тоа од луѓе кои „мислат дека знаат многу“.

Германецот постигна гол од пенал (во втор обид) вчера за Челси да ги победи Борусија Дортмунд со 2:0 и да ја надополни негатива од 0:1 од првиот меч за пласман во четврт-финалето на ЛШ. Тоа беше првпат Челси да победи во два меча во низа од октомври и првпат во 2023 да постигнат повеќе од два гола во еден натпревар. Токму поради тоа Потер беше под притисок, но Хаверц вели дека критиките не се фер.

„Секако дека има притисок, но јасно се гледа дека тој е голем менаџер, така што не ми се верува како зборуваат со нго. Имаме стотина тренери во Англија и сите мислат дека знаат подобро од негео. Но, сите во соблекувалната знаеме каков човек е нашиот тренер и колку ни помогна. Сите сме 100 отсто зад него, иако луѓето не го гледаат тоа. Сите ќе дознаат дека тој е голем менаџер“, вели Хаверц.

Scroll to Top