Top Sport

Де Лихт в среда на лекарски прегледи во Торино

Матијас Де Лихт во среда треба да се појави на лекарски прегледи во Торино, по што неговиот трансфер во Јувентус треба да биде официјализиран, објави „Скај Спорт Италија“.

Според овој извор, 19 годишниот фудбалер вечерва треба да пристигне во Торино. Вредноста на трансферот треба да изнесува 75 милиони евра.

Претходно е објавено дека Де Лихт ги договорил личните услови со Јувентус. Тој ќе потпише пет годишен договор, а по сезона ќе заработува 12 милиони евра.

„Наскоро ќе биде официјализиран трансферот на Де Лихт. Ги чекаме банкарските гаранции, тоа ни е важно. Мислам дека други пречки нема да има. Сепак станува збор за Италијанци“, рекол спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс.

Де Лихт за Ајакс има одиграно 117 натпревари, на кои забележал 13 гола и седум асистенции.

Во Јувентус тој би требало да ја носи четворката.

Scroll to Top