Холандскиот фудбалер од средниот ред на Аталанта, Мартен де Рон го повтори ветувањето дека ќе направи пици за 1.000 луѓе доколку неговиот клуб направи чудо и ја освои Лигата на шампиони.
Аталанта вечерва игра со Пари Сен-Жермен во супер-тешкото четврт-финале до кое клубот од Бергамо стигна во својот прв настап во елитното натпреварување. 29-годишниот Де Рон го вети тоа претходно оваа година и сега вели дека планот е ист.
„Како што кажав, ако ја освоиме Лигата на шампионите ќе направам пица за повеќе од 1.000 луѓе. Ако загубиме, тогаш ќе одиме на титулата и пиците следната година. Не можам да навивам за губење“, вели Де Рон.
Холанѓанецот вели дека фактот што се игра еден меч од 90 минути, наместо два меча е предност за нив против силниот ПСЖ.
„Полесно е да се игра само еден меч против толку силен тим. Вака можеме да изненадиме иако знаеме дека ќе биде многу, многу тешко. Никој не веруваше дека ќе бидеме тука“, вели Де Рон.