Top Sport

Екскапитенот на Русија Широков под истрага за напад на судија

Поранешниот капитен на руската репрезентација, Роман Широков е предмет на истрага на полицијата по бруталниот напад на судија на аматерски меч во Москва, кога прво го нокаутирал судијата Никита Данченко, а потоа го клоцаше во главата додека тој беше долу.

39-годишниот Широков, кој во својата кариера играше за Зенит, Спартак Москва и ЦСКА Москва, се налутил кога судијата не досудил пенал, а по расправијата, судијата се посегнал да му покаже картон кога добил нокаут. Судијата потоа поминал четири часа во болница и доби конци под окото.

Широков веднаш доби суспензија од својата позиција на коментатор на телевизискиот канал „Меч ТВ“, а полицијата го истражува инцидентот.

Scroll to Top