Top Sport

Де Роси го наследи Мурињо на клупата на Рома

Живата легенда на Рома, Даниеле де Роси е назначен за нов тренер на тимот на местото на отпуштениот Жозе Мурињо.

Де Роси потпиша договор со Рома до 30 јуни 2024 година, односно до крајот на тековната сезона.

Тренерската кариера ја започна есента 2022 година во второлигашот СПАЛ, но не се прослави. Доби отказ во февруари 2023 година откако на 17 натпревари забележа само три победи и осум порази.

„Благодарност до семејството Фридкин за довербата што му ја укажаа и што ми доделија вака одговорна функција. Ќе дадам се од себе за да се соочиме со предизвиците што не очекуваат. до крајот на сезоната“, изјави Де Роси.

Де Роси речиси целата своја фудбалска кариера ја помина во Рома, од 2001 до 2019 година, а заедно со Франческо Тоти е најголемата легенда на клубот во овој век.

За Рома настапи на вкупно 616 натпревари на кои постигна 63 и забележа 60 асистенции.

Тој освои два Купа на Италија и еден Суперкуп.

Блескавата кариера ја заврши во Бока јуниорс. Во Аргентина одигра седум натпревари, постигна еден гол во сезоната 2019/2020.

Беше дел од репрезентацијата на Италија која ја освои титулата светски првак на Светското првенство во Германија во 2006 година.

За „азурите“ одигра 117 натпревари и постигна 21 гол.

Scroll to Top