Top Sport

Де Роси го обожавал Манчестер јунајтед, но не направил трансфер поради Кин и Сколс

Легендата на Рома, Даниеле де Роси признава дека секогаш го сакал Манчестер јунајтед, но дека решил да не направи трансфер во англискиот гигант поради неверојатните играчи како Рој Кин и Пол Сколс.

36-годишниот Де Роси го освои Светското првенство со Италија во 2006 и стана легенда на Рома со 616 настапи во 17 сезони, пред кариерата да ја заврши по една полусезона со Бока јуниорс во Аргентина. Трансфер на „Олд Трафорд“ постојано бил опција, но Де Роси објаснува зошто тоа не се случило.

„Го сакам Јунајтед од времето кога бев дете. Но, не згрешив што не отидов таму, бидејќи тие ги имаа Кин и Сколс, двајца фантастични фудбалери“, вели Де Роси во интервју за „Скај спорт Италија“.

Scroll to Top