Top Sport

Рагби тренерот доби лекција од својата мајка

Селекторот на англиската рагби репрезентација, Еди Џонс се извини за пцуењето на телевизија по тешката победа над Аргентина откако доби лекција за добро однесување од својата 93-годишна мајка.

57-годишниот Австралиец беше исфрустриран од слабата игра на својот тим при 21:8 победата на „Твикенхем“, по што во интервјуто по мечот пцуеше. Ова воопшто не ѝ се допаднало на неговата мајка.

„Морам да се извинам за јазикот кој го користев. Утрово добив телефонски повик од мојата мајка, која има 93 години, која добро ме искара. Тоа што си направив проблеми со мојата мајка е доволна казна за мене. Уште не ми дава да пцујам и сигурно нема да го повторам тоа“, изјави Џонс за „Би-би-си“.

Scroll to Top