Даниеле Де Роси своето големо искуство го користи на сите можни начини, а еден трик покажа и на натпреварот против Џенова.
Искусниот фудбалер во една ситуација, кога со противникот се бореше за позиција, најпрвин му удри шлаканица на играчот на Џенова (Лападула), а потоа тој падна како да бил удрен.
Судијата кој првично не го забележа овој момент, по прегледувањето на снимката на Де Роси му додели црвен картон и покаѓа на белата точка.
Лападула го реализираше пеналот и го постави конечниот резултат 1:1. Рома единаесет минути претходно постигна гол преку Ел Шарави.
Спорниот момент започнува од 1:20 минути.