Top Sport

Де Роси се враќа дома

Даниеле Де Роси ќе ја напушти Аргентина. Легендата на Рома се враќа во матичниот клуб тврди „Кориере дело Спорт“.

Според овој извор Де Роси ќе го напушти тимот на Бока Јуниорс за да стане дел од раководството на Рома. Познато е дека наскоро, кога ќе бидат завршени сите формалности, американскиот милијардер Дан Фирдкин ќе го купи клубот од Џејмс Палота.

Де Роси е долгогодишен играч и капитен на Рома. По завршувањето на минатата сезона, откако му заврши договорот со Рома, тој реши да си ја исполни долгогодишната желба и да го облече дресот на славниот аргентински клуб.

Даниеле Де Роси 18 години го носел дресот на Рома, одиграл 616 натпревари, постигнал 63 гола.

Scroll to Top