Top Sport

Познато е зошто Халанд ги одбил Јунајтед и Јувентус

Ерлинг Халанд вчера ја договори соработката со Борусија Дортмунд. „Милионерите“, иако не им се даваа големи шанси, ја добија битката за потписот на голгетерското чудо со Манчестер Јунајтед и Јувентус.

Момчето родено во Лидс пред 19 години, кога неговиот татко Алф Инге Халанд го носел дресот на овој славен англиски клуб, зад себе има неверојатна есен. Во дресот на Салцбург тој одигра 28 натпревари на кои постигнал 22 гола.

Халанд најмногу се поврзуваше со Јувентус. Италијанските медиуми во саботата објавија дека челниците на „старат дама“ и претставниците на Халанд ги договориле деталите, но на крајот Јувентус ги прекинале преговорите. Тие не сакале да го плаќаат напаѓачот 8,5 милиони евра по сезона.

Парите, односно нереалните барања, биле причината поради која пропаднале и преговорите со Манчестер Јунајтед.

Наводно, покрај обесштетувањето за Салцбург од 20 милиони евра, менаџерот Мино Рајола барал 15 милиони евра на име провизија 15 милиони евра за себе и 10 милиони евра за таткото на Халанд.

Сите овие услови се согласиле да ги исполнат во Дортмунд, што значи дека „милионерите“ за трансферот на Халанд издвоиле 45 милиони евра.

Scroll to Top