Даниеле де Роси го очекува состанок со првите луѓе на Рома и италијанскиот печат тврди дека новиот газда на тимот, претседателот Ден Фридкин ќе му понуди враќање во неговиот клуб.
Поранешниот фудбалер од средниот ред на неславен начин замина од Рома, откако тие не му понудија продолжување на договорот и тој замина во Бока јуниорс. Тој сега има план да стане тренер и беше поврзуван со младинскиот тим на Болоња, но таа работа ја доби Лучано Заури.
Според „Калчомеркато“, Де Роси ќе се сретне со директорот на Рома, Гвидо Феинга за да се одреди неговата потенцијална улога во тимот.
Таткото на Де Роси, Алберто е младински тренер на Примавера тимот од 2014 година, а работи со академијата на тимот од 1997 година. Даниеле најверојатно ќе биде дел од тимот на тренерот Пауло Фонсека или ќе се приклучи на таткото во академијата од каде и тој самиот произлезе.