Бекот на Јувентус, Матија де Шиљо призна дека не знаел како да прославува откако го постигна својот прв гол во целата кариера.
Де Шиљо во 173. натпревар постигна фантастичен гол од 20 метри при 3:0 победата над Кротоне, изненадувајќи ги сите, дури и себеси.
„Постигнувањето на гол донесе фантастично чувство, но не знаев како да прославувам. Сите почнаа да трчаат кон мене, вклучувајќи го и Џиџи Буфон, кој истрча од голот сасмо да ме гушне. Кога го видов него, работите станаа уште подобри. Сега ми кажаа дека ќе мора да купам вечера за целиот тим“, вели Де Шиљо во интервју за „Скај спорт Италија“.
Juventus 2-0. Mattia De Sciglio marks his return with this bomb of a goal pic.twitter.com/TZHjtCxL69
— SIDNEY (@sidneydiogu) November 26, 2017
Де Шиљо дојде во Јувентус од Милан ова лето, и досега беше критикуван поради недоволната посветеност.
„Можеби сум премногу добро воспитан. Ми требаат две-три лузни, тоа е очигледно. Работам напорно на тренинзите и верувам дека напорната работа на крајот се исплати“, додава Италијанецот.
Рутинска победа за Јуве, прв гол во кариерата за Де Шиљо (видео)