Top Sport

Де Зерби го презеде кормилото на Олимпик Марсеј

Роберто де Зерби е новиот тренер на Олимпик од МарсејКлубот од Велодром соопшти дека во наредните денови италијанскиот тренер и неговиот стручен штаб ќе пристигнат во наредните денови.

Де Зерби го напушти Брајтон на крајот на сезоната.

Во текот на својата тренерска кариера, Италијанецот работеше и како тренер на Шахтјор Доњецк и Сасуоло.

Тој имаше многу успеси со Брајтон во изминатите две сезони.

Го предводеше тимот до осминафиналето во Лига Европа, претходно беше прв во групата во која беа Марсеј и Ајакс.

Пред тоа, тимот ја заврши сезоната на седмото место во Премиер лигата, додека оваа година Брајтон беше на 11. место.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');