Пораз од Ремс во претходна рунда, четврти во последните пет натпревари за Олимпик Марсеј, ги крена тензиите на „Велодрому“, по што Роберто Де Зерби целосно ја загубил контролата врз тимот.
Марсеј не е во добра форма во последно време, тоа го покажуваат и резултатите, а тоа целосно го исфрли од такт темпераментниот Италијанец. По поразот од ремс, кога екипата се вратила во Марсеј, тој им наредил на фудбалерите да преспијат во тренинг центарот.
Играчите биле незадоволни бидејќи наредниот ден требало да им биде слободен, а особено незадоволни биле играчите од муслиманската вероисповед кои не можеле со семејствата да го прослават големиот празник Рамазан Бајрам.
Де Зерби, наредниот ден закажал тренинг, но не се појавил им кажал на играчите дека не сака да ги тренира, а потоа директно му се обрати на Пол Лирола, дефанзивецот на Марсеј:
„Никој во овој клуб не те сакаше ова лето освен мене. Јас сум единствениот кој веруваше во тебе, а ти ми враќаш со ваква одбрана? Сакаш да паднам? Тогаш сите паѓате со мене”, викал Де Зерби.
Играчите кои одбија да тренираат под неговиот стручен штаб му возвратија, па морал да реагира спортскиот директор на клубот Мехди Бенатиа.
Поранешниот дефанзивец на Јувентус и Баерн објасни дека не може да има прекин на тренинзите, на што играчите го прашале дали е нормално што тренерот не сака да го тренира тимот. Тој одговори дека и без тренер, по индивидуален квалитет, морале да го победат Ремс.