Невиден интерес во Кина предизвикало дебито во шпанската Ла Лига на репрезентативецот на оваа земја, Ву Леи. 27-годишниот фудбалер во зимскиот преоден рок за сума од два милиони евра го засили Еспањол.
Овој податок само покажува колку азискиот пазар им е привлечен на европските клубови. Поради тоа, дуелот помеѓу Вилјареал и Еспањол се играше во ударниот термин во Кина.
Мечот на „Ла Керамика“ го следеле 40 милиони Кинези, а на социјалните мрежи дебито на Леи за Еспањол, на социјалните мрежи го виделе 350 милиони.
Ву Леи доби шанса да дебитира во 78 минута. Еспањол освоија бод против Вилјареал, откако се вратија во мечот по негативата од 2:0.
Според шпанските медиуми за да може да ги покаже своите квалитети во Ла Лига, Леи ќе мора да ја подобри својата физичка подготвеност.