Top Sport

Манџукиќ ги одбил Далијан ќе остане во Јувентус

Марио Манџукиќ одбил да го напушти Јувентус и да се пресели во Кина, во екипата на Далиан Јифанг. „Калчомеркато“ тврди дека Кинезите му нуделе на Манџо три пати поголема плата од онаа што ја заработува во Јувентус.

Марио Манџукиќ наскоро ќе наполни 33 години, но се уште е важен играч за Јувентус. Тој во Торино пристигна во 2015 година од Атлетико Мадрид.

Деновиве Далиан Јифанг му понудиле три годишен договор и плата од 10 милиони евра по сезона, но тој ја одбил понудата. Претходно понудата на овој клуб ја одбиле и од Лацио за напаѓачот Чиро Имобиле.

Далиан изминатите денови е во центарот на вниманието и поради преговорите со наполи за Марек Хамшик. Иако соиграчите му организираа проштална забава на Хамшик, сепак клубовите се уште не го заклучиле трансферот.

Тренер на Далианг е легендарниот Германец Бернд Шустер, а најголеми ѕвезди се поранешните играчи на Атлетико Јаник-Фереира Карсако и Нико Гаитан.

Scroll to Top