Top Sport

Видал замина од Барселона – Интер ќе биде неговиот нов клуб

Артуро Видал во текот на денот треба да пристигне во Милано. Кога ќе ги мине задолжителните лекарски прегледи ќе потпише три годишен договор со Интер.

Интер за трансферот ќе издвои само 500.000 евра, што е доказ дека во Барселона сакале да се ослободат од него.

Според шпанските медиуми Видал во текот на вчерашниот ден се поздравил со соиграчите, на кои им потврдил дека се сели во Интер.

Исто така, Видал разговарал и со тренерот Роналд Куман на кого му рекол дека не му се лути што го отпишал од тимот.

Scroll to Top