Top Sport

„Децата“ на Вила издржаа едно полувреме против Ливерпул

Астон вила, со играчи од У-19 и У-23 составот по раширувањето на корона вирусот меѓу играчите од првиот тим, очекувано загуби од фаворитот Ливерпул со 1:4 во ФА купот, откако беа рамноправни во првото полувреме. Просечната возраст на фудбалерите на Вила беше неверојатни 18 години.

Садио Мане ги донесе „црвените“ во водство уште во четвртата минута од мечот, но 17-годишниот Луи Бери успеа да израмни во 41. минута од мечот, пред силата на фаворитот да се познае во второто полувреме.

Џиџи Вајналдум (60.), Садио Мане (63.) и Мо Салах (65.) за само пет минути го обезбедија пласманот на Ливерпул во наредното коло од најстарото фудбалско натпреварување на светот.

Во вториот вечерен меч, Вулверхемптон со минимални 1:0 ги совлада Кристал палас за пласман понатаму. Адама Траоре во 35. минута постигна гол доволен за „волците“.

Scroll to Top