Top Sport

Дефанзивците на Сити во улога на напаѓачи – „Граѓаните“ го победија Вест Хем

Манчестер сити ја продолжија својата победничка низа. „Граѓаните“, во првиот натпревар од 26.коло, го совладаа Вест Хем со 2:1. За четата на Пеп Гвардиола ова беше 20. победа во низа.

Вест Хем, пруѓија добра отпор на „Етихад“, во најголем дел од натпреварот беа рамноправни со Сити, меѓутоа не успеаја да извлечат ништо повеќе од минимален пораз.

Гвардиола, комбинираше со составот, Стерлинг не играше, а на клупата останаа и Фоден, Габриел Жесус, Кансело и Родри, но неговиот тим дојде до победата.

Централните дефанзивци Рубен Дијас и Џон Стонс ги искористија единствените две грешки во одбраната на Вест Хем, што на крајот се покажа клучно за конечниот победник.

Рубен Дијас, првиот гол на мечот го постигна во 30.минута. За Португалецот ова беше деби-гол во дресот на Манчестер сити. Во финишот на првиот дел Вест Хем израмни преку Антонио.

Конечниот резултат го постави Стонс во 68.минута.

Во последните секунди, Диоп, не реализираше голема шанса за Вест Хем.

Scroll to Top