Англискиот дефанзивец на Ливерпул, Џо Гомез ќе го пропушти финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, но и Светското првенство во Русија откако беше на операција на скочниот зглоб.
20-годишниот Гомез се повреди во текот на пријателскиот меч на Англија против Холандија во март.
„Морам да признаам дека мојата сезона за клубот и за земјата е завршена, откако бев на успешна операција на скочниот зглоб. Ова беа тешки неколку недели во кои се обидов да направам сѐ за да бидам на теренот и да помогнам на мојот тим“, вели Гомез, кој имаше 23 настапи во Премиер лигата за Ливерпул оваа сезона.
Гомез дебитираше во англиската репрезентација во ноември 2017 против Германија, и одигра уште два натпревари, а беше дел и од англискиот тим кој го освои Европското првенство за играчи под 17 години во мај 2014 година.
Фото: ЕПА