Top Sport

Дефанзивец на Реал трансфер цел на Наполи и Милан

Милан и Наполи му „фрлија око“ на младиот дефанзивец на Реал Мадрид, Рафа Марин. Фудбалерот се поврзуваше со Баер Леверкузен, неговиот трансфер во редовите на актуелниот германски шампион беше извесен, но во последен момент Чаби Алонсо ги смени плановите.

Марин има 22 години, а „кралскиот клуб“, сака да го продаде, но под услов во договорот да има клаузула со која за одредена сума би можел да го врати назад во Мадрид.

Милан и Наполи во малдиот дефанзивец гледаат голем потенцијал.

Марин кариерата ја започна во младинската школа на Севилја, но набрзо се пресели во Реал Мадрид. Минатата сезона беше на позајмица во Алавес.

Scroll to Top