Top Sport

Дефанзивецот на Форест, Тофоло ги прекршил правилата за обложување 375 пати!

Дефанзивецот на Нотингем форест, Хери Тофоло е под истрага на англиската Фудбалска асоцијација (ФА) за 375 прекршувања на правилата за обложување од јануари 2014 до март 2017 година.

Во тој период, Тофоло беше играч на Норич сити, но играше на позајмица во Свиндон, Ротерам и Сканторп. Левиот бек имше 19 настапи во Премиерлигата за Нотингем минатата сезона откако пристигна со трансфер од Хадерсфилд таун.

Во мај оваа година, напаѓачот на Брентфорд, Ајван Тоуни доби суспензија од осум месеци откако беше обвинет за 232 прекршувања на правилата за обложување од 2017 до 2021, а во декември 2020, Киеран Трипиер доби 10-неделна суспензија поради исти прекршоци.

Scroll to Top