Top Sport

(Видео) Филипсен е „цар“ на спринтот на Тур де Франс

Белгискиот велосипедист, Јаспер Филипсен го запечати својот статус како најдобар спринтер на Тур де Франс оваа година, победувајќи на 11. етапа од Клермон Феран во должина од 180 километри за четврти триумф.

Филипсен успеа лесно да го совлада Холанѓанецот Дилан Греневеген и Германецот Фил Баухаус, за да има шест победи во последните седум спринтерски етапи на ТдФ, губејќи само од Данецот Мадс Педерсен минатата сабота. Велосипедистот на Алпесин-Десенинк е прв велосипедист кој победил на четири етапи во Франција по Марк Кевендиш во 2021 и може да стане првиот со пет победи од Германецот Марсел Кител во 2017 година.

Во генерален пласман немаше потреси – актуелниот шампион, Данецот Јонас Вингегард останува на 17 секунди пред Словенецот Тадеј Погачар и 2:40 пред Австралиецот Џеј Хиндли.

Scroll to Top