Top Sport

Дегенек се врати во Црвена ѕвезда

Репрезентативецот на Австралија, кој има српски корени, Милош Дегенек по само шест месеци минати во Саудиска Арабија реши да се врати во Црвена ѕвезда. Дегенек беше еден од клучните играчи на Црвена ѕвезда, кога клубот избори пласман во главната фаза во Лигата на шампионите.

Дегенек минатото лето го донесе Дегенек од Јапонија за само 200.000 евра, а во јануари годинава го продаде во Саудиска Арабија за 3,5 милиони евра.

Австралиецот за Ал Хилал одиграл 18 натпревари, бил стандарден до тимот се до доаѓањето на новиот тренер, Разван Луческу. Кај Романецот Дегенек стана „технолошки вишок“.

Детали од договорот со Црвена ѕвезда нема, но се очекува Дегенек, заедно со Немања Милуновиќ, да командува со одбраната на „црвено-белите“

Scroll to Top