Top Sport

Јувентус ни забрани да зборуваме за „случајот Роналдо“

Петронела Екрот поради „случајот Роналдо“ по завршувањето на сезоната ја напушти женската секција на фудбалскиот клуб Јувентус. Таа во разговор за „Спорт Експресен“, открила како случајот со силувањето, за кое е обвинет Португалецот најголемата ѕвезда на Јувентус, бил третиран во Торино.

„Не смеевме да зборуваме на таа тема. Ни рекоа да молчиме и дека воопшто не смееме да коментираме. Сите моравме да ги наведнеме главите и да работиме за клубот. Со тек на време се затвораше во себе и го губиш сопственото јас. Некогаш едноставно мораш да го поддржиш она што сметаш дека е исправно“, рекла 29 годишната фудбалерка и дополнила.
Таму во тој период се чувствува како заробеник. Не знаев што да правам, не ми се допадна тоа што немав право на свое мислење. Мислам дека е важно да се изнесе став кога нешто не е в ред. Секако тоа не значи дека јас сум секогаш во право“.

Американката Кетрин Мајорга пред една година се огласи во јавноста со тврдењето дека во 2009 година, во Лас Вегас, била силувана од Кристијано Роналдо. За германски „Шпигл“ таа тогаш рекла дека молчела речиси цела деценија бидејќи добила закани од Португалецот.

По повод случајот е покрената истрага од обвинителството на Невада, а неодамна на Роналдо му била испратена судска покана и тој ќе треба да одговори на обвинувањата. Целата приказна во јавноста излезе кога Роналдо потпиша за Јувентус, поради што челниците на клубот по секоја цена се обидуваат да ги спречат коментарите на оваа тема.

Лоциран домот на Роналдо, ќе добие судски повик за „случајот Мајорга“

Scroll to Top